Има 4 слики Генерално е прилично лесно да се направи разлика помеѓу здраво и нездраво јајце, а особено е потребно да правиме таква разлика бидејќи живееме во свет во кој во трката за профит често се заборава на квалитетот, односно се дава предност на квантитетот. За да можеме да направиме разлика, прво треба да знаеме дека коковчињата можат да се чуваат во кафезни системи, можат да шетаат (free-range) и можат да пасат, па во зависност од ова продуцираат јајца со различен квалитет, а се разбира кај тие што можат да пасат се со најдобар квалитет. 1. Во првата категорија, во кафезни системи, коковчињата се хранат со соја, пченка, концентрати, се додаваат хемикалии со која жолчката вештачки се затемнува. Тука, исто така, јајцата после миењето се преамачкуваат со различни масла за да се спречи нивно брзо расипување. Кај овие јајца, споредено со нашите од напасувани коковчиња холестеролот е 3 пати повисок, омега -3 киселините се 3 пати пониски, а омега – 6 воспалителните (штетни) киселини се дури за 10 пати повисоки, имаат пониски нивоа на витамини и минерали. 2. Во втората категорија каде што коковчињата можат слободно да шетаат (free range) е за нијанса подобра категорија од тие што се чуваат во кафези, но се уште далеку послаба од тие коковчиња што имаат можност да пасат во текот на целиот ден. Во оваа категорија настанува проблем кога во помал простор ќе почнат да се одгледуваат поголем број на коковчиња, па доаѓа до пренатрупување и тука добиваме сценарио на еден поголем кафез во кој се чуваат многу коковчиња. Бидејќи во оваа категорија земјата е гола, без трева, се работи за помал простор низ кој коковчињата можат да шетаат и така можноста да се најдат инсекти, црвчиња е помала, многу одгледувачи на коковчиња при немање на сопствени ресурси да си создаваат своја мешавина на храна со која ќе го подобрат производството на јајца се одлучуваат да купуваат разни концентрати што ги додаваат во исхраната на коковчињата. Проблемот околу концентратот настанува бидејќи има такви концентрати што содржат антибиотици, па во ситуација кога многу фармери тоа не можат соодветно да го интерпретираат, не се соодветно едуцирани за опасностите од нивната примена по нашето здравје, тие истите ги аплицираат и мешаат со храната што обично им ја даваат на нивните коковчиња, а за жал тоа може да доведе до тоа при бактериски инфекции бактериите да имаат поголема резистентност на нашите анти-бактериски третмани. 3. Во третата категорија влегуваат напасуваните коковчиња, кои што имаат можност на природен (органски) начин да генерираат оптимално здрави јајциња, а тука е и нашата фарма со нашите коковчиња. Кај нас коковчињата пасат, шетаат од рано наутро до доцна вечер додека самите не си влезат во нивниот објект. Во оваа категорија примената на концентрати е надвор од игра бидејќи нема потреба да се додаваат концентрати (кои што не се евтини), коковчињата од пасењето и ловењето на инсекти си ги задоволуваат нивните нутритивни потреби, а во нашата ситуација бидејќи имаме технолошка опрема со која си ја генерираме храната лесно си правиме мешавини од сончогледово ќуспе, маслодајна репка и сончоглед со кој ги задоволуваме сите останати протеински потреби на нашите коковчиња. Кај нас исхраната се базира 90% на житарици, па поради тоа некое од јајцињата знае да изгледа како тие од Африка, со побела жолчка, поради светлиот пигмент на житариците со кои ги храниме, во зависност, исто така, колку трева дегусирало. Коковчињата што знаат да изедат повеќе трева добиваат жолта жолчка, но тие што ќе се фокусираат повеќе на житарици знаат да имаат побела жолчка. По огласите можеме да видиме разни објави за домашни и селски јајца, но за жал повеќето од нив се далеку од квалитетот на таквите. За да се биде на сигурната страна пред да се купуваат јајца треба прво да се изанализира од каде се купуваат јајцата, да не се препродаваат евентуално од комерцијалните фарми, што е случај, да се провери дали навистина постојат коковчиња, дали навистина шетаат, дали им се дава тревичка и слично. Кај тие што тврдат дека ги хранат коковчињата со житарици, без концентрати, обично некое јајце знае да биде со побела или бела жолчка или во центарот на жолчката да има бела точка. Освен тревата, врз бојата на жолчката може да влијае и детелината, која што може да се најде во пелетирана форма и која е идеално решение да се додава во исхраната на коковчињата во зимните денови кога нема доволно тревна површина, од аспект на тоа дека детелината е богата со омега 3 киселини. Но, и доматите, морковите можат да влијаат врз бојата на жолчката па таа може да добие портокалова боја. Кај нас за работите да бидат транспарентни редовно објавуваме видеа на кои можат да се видат коковчињата, јајцата,тревата и храната што ја јадат, може да се види локацијата на фармата на Google Maps и секој може да помине, да не посети и да се увери дека тоа е така како што го кажуваме. Други линкови! |
All rights reserved © organskijajca.com |