English version

  [ Почетна ]

Најави се


Има 1 слики


Кога сме кај витамините слободно можеме да кажеме дека комбинацијата од сонце, тревичка, житарици/сончогледово ќуспе/маслодајна репка/сончоглед води кон драстично повисоки витамини кај јајцата добиени од нашите коковчиња споредено со комерцијалните коковчиња и домашните коковчиња што немаат можност да пасат.

Па така нашите коковчиња имаат количеството на витамин Е што е за 3.5 пати повисоко, витамин Д повисоко за 4 пати, витамин А повисоко за 1.5 пати, а нивото на Бета каротен е дури за 8-пати повисоко.

Со ваквите јајца со вакви карактеристики како дел од нашата секојдневна исхрана можеме да се осигуриме дека ги задоволуваме потребите на нашето тело на најоптимален начин, особено со оглед на фактот што нашите јајца исто така имаат 3 пати повеќе Омега 3-киселини, 10 пати помалку воспалителни и штетни Омега-6 киселини и 3 пати помалку холестерол.

Од ова произлегува и нашето мото дека СЕКОЕ ЈАЈЦЕ НЕ Е ИСТО И ПОДЕДНАКВО ЗДРАВО!


Број на посети:134

All rights reserved © organskijajca.com