Има 1 слики Тоа што ги прави нашите јајца извонредно добри е фактот што содржат 3-пати помалку холестерол, благодарение на тоа што пасат, што имаат голема површина да шетаат и ловат инсекти и цврчиња, што се изложени на постојана дневна светлина – природното сонце. Така да, ако изедете 3 јајца добиени од комерцијалните фарми или од домашни коковчиња што се чуваат затворени или пуштени без можност да пасат тревичка ќе внесете холестерол како да сте изеле 9 јајца добиени од нашите коковчиња. Разликата е очигледна, но кога се работи за нашето здравје се знае која е поздравата опција! Општо е познато дека зголеменото ниво на холестерол може да доведе до зголемување на крвниот притисок, проблеми со кардио-васкуларниот систем и слично, но благодарение на квалитетот на нашите јајца што ги несат коковчиња кои што постојано пасат и имаат специјална диета сосема различна од комерцијалните коковчиња слободно можат да се изедат и повеќе јајца без да се наштети на нашиот организам, односно само ќе се добијат повеќе омега -3 киселини, повеќе витамини и минерали, без да се покачи холестеролот. Од ова произлегува и нашето мото дека СЕКОЕ ЈАЈЦЕ НЕ Е ИСТО И ПОДЕДНАКВО ЗДРАВО, ВКУСИ ЈА РАЗЛИКАТА! Други линкови! |
All rights reserved © organskijajca.com |