English version

  [ Почетна ]

Најави се


Има 3 слики


✅ Најосновниот критериум при органското производство на јајца опфаќа на коковчињата да им се овозможи доволен простор да шетаат, односно според стандардите на ЕУ, на пример јато од 10 коковчиња треба да имаат минимум 40 метри квадратни да шетаат, да ловат инсекти и да пасат.

На нашата фарма ние во целост го исполнуваме овој критериум, односно кај нас имаме простор јатата неколкукратно да ги зголемиме и пак да не го надминеме овој критериум. Во моментот овој критериум ние го исполнуваме за 3 пати подобро, односно едно јато од 10 птици уживаат во 133 м2, наместо во 40 м2. Помалиот број на коковчиња значи и далеку подобри јајциња особено во зимските месеци кога нема вегетација, односно кога со тиквички, лубенчиња и други растителни работи нивоата на Омега 3 киселини можат да се подобрат како што ние всушност тоа и го правиме.

❗ Кај нас постојат фарми што произведуваат "домашни јајца" кои што ваквиот критериум воопшто не го исполнуваат, односно на 1000 квадратни метри чуваат 1000 коковчиња, произведуваат огромен број на јајца, но нивниот квалитет е ист како тие на комерцијалните фарми бидејќи не постои никаква можност таквите коковчиња да ги експлоатираат бенефитите од земјоделското земјиште каде што се наоѓаат.

⛔ Освен овој критериум, друг интересен момент се препродавачите кои препродаваат јајца од комерцијалните фарми, а луѓето водени од ниските цени не обрнуваат внимание дека всушност се измамени.

Препродавачите можат лесно да се идентификуваат, па кај нив обично постои опција само да ви ги донесат јајцата, без можност вие истите да си ги подигнете од фармата, имаат социјален профил со малку информации, со неколку коковчиња сликани во најдобриот летен период од годината, со многу зеленило, зелени дрвца, на сликите прикажуваат огромен број на јајца, обично спакувани во еднобразна амбалажа - картони од по 30 јајца, на сликите обично прикажуваат по 20-30 такви картони, што всушност не е возможно да се соберат при вистинско органско производство на јајца бидејќи кај ваквите јајца не се прават залихи зошто истите брзо се продаваат.
Кај препродавачите јајцата им се обично чисти (но знаат и некое намерно да извалкаат), еднобојни, знаат некое картонче да го измешаат и да стават бело јајце за да се направи привид дека се купуваат различни домашни јајца, знаат да прикажат големи јајца со две жолтки и слично. Кога се нарачува од ваквите препродавачи, тие се спремни за кратко време да достават јајца во голем број, односно секогаш имаат во залиха доволно јајца, независно од тоа колку се нарачува.

❗ Комерцијалните јајца можат да се идентификуваат и според бојата на жолчката, па таа знае да е темно портокалова кај сите, но и жолта кај сите, а кај јајцата од кај домашните коковчиња таа знае да биде различна од јајце, некое да има потемна жолтка, некое жолта жолтка, некое дури со побела жолтка бидејќи домашните коковчиња освен стандардна храна тие и пасат, им се сервира дополнително трева, јадат домати, лубенчиња, дињи, тиквички, инсекти и друга разноврсна растителна храна, па во зависност од пигментот на храната жолтката на јајцето си добива специфична боја.

❌ Прекупците своите јајца ги продаваат по ниски цени речиси идентични како тие во супермаркетите, плус со вклучена достава до домот на муштериите. Ваквата исплатливост да ги продаваат нивните "домашни јајца" по супер евтина цена со вклучена достава се должи на тоа дека всушност тие не ги произведуваат, односно ги купуваат директно од комерцијалните фарми, необележани по 4 или 5 денари на големо и во голема количина одеднаш ги разнесуваат до нивните клиенти при што сите се задоволни, како прекупците кои направиле добра заработка, така и муштериите нивни кои мислат дека купиле здрави и природни јајца по цена на тие од супер маркетите!

✅ За да се биде на правата страна на вистината не треба да се верува, треба да се проверува, се разбира доколку се сака да се купи тоа што навистина се сака да се купи, особено водени од идејата дека секое јајце не е исто и подеднакво здраво!


Број на посети:270

All rights reserved © organskijajca.com