Има 2 слики Бидејќи диетата на коковчињата е во 90% составена од житарици, понекогаш некое наше коковче кое повеќе се фокусирало на житариците знае да снесе јајце со побела жолчка. Тоа се должи на фактот што житариците немаат жолт или портокалов пигмент и разликата е само во пигментот. Во комерцијалните фарми јајцата го добиваат жолтиот пигмент од сојата и пченката, што кај нас не е случај бидејќи примарната диета се житариците (пченица, јачмен, трици) и тревата, па некое наше јајце знае да биде побело, со иста нутритивна вредност како и кај другите наши јајца што се со жолта или потемна жолтка. Во Африка бидејќи кокошките се хранат исклучиво со житарици жолтките на јајцата се секогаш бели без нутритивно да се разликуваат од јајцата со жолта жолчка... Значи, некое наше јајце ако се погоди на вашата трпеза да има побела жолчка, слободно можете да го изедете бидејќи воопшто не се разликува со тие со жолта жолтка, разликата е само бојата, односно пигментот! Други линкови! |
All rights reserved © organskijajca.com |