English version

  [ Почетна ]

Најави се


Има 1 слики


Весела Фарма Бунарџик Илинден е домашна семејна фарма која што првенствено произведува храна за сопствени потреби, а бидејќи често пати се јавува и вишок на производи вишокот го продаваме на роднини, пријатели и други луѓе кои што знаат за квалитетот и начинот како храната ја генерираме.


Количините на производите што ги произведуваме не се во големи количини, но се со екстра квалитет, имаме органски пристап во работата, а јајцата имаат далеку поголема нутритивна вредност споредено со комерцијалните производи.

Производството на нашите производи се темели на научни истражувања кои што постојано се спроведуваат на светско ниво.


За жал Македонија заостанува во однос на ова поле, па генерално се водиме според искуство и научни истражувања што се спроведуваат на светско ниво, од САД и Африка до Европа и Азија, но и Австралија, да не ја заборавиме нејзе!


Во нашата фарма освен одгледување на кокошчиња на јајца се одгледуваат и бројлери и свињчиња и интересно е тоа што поради задоволството на купците бројлерите и свињчињата се продадени уште пред самиот старт на нивното одгледување.


Фармата се наоѓа на повисока надморска височина на ридски терен до самиот главен град Скопје, во Бунарџик Илинден, па благодарение на поголемата височина воздухот е чист поради самиот факт дека загадените честички имаат тенденција да се спуштаат во најниските делови на атмосферата, до 10-15 метра во висина од земјината површина.


Во некои земји јајцата од пуштени коковчиња се користат и се анализираат да се процени нивото на загаденост на одредени региони, па поради тоа и бидејќи нашите коковчиња живеат и се одгледуваат во чиста средина несат јајца што се сосема чисти од било какво загадување што за жал во рамки на држава и особено во поглед на главниот град стана секојдневна реалност.


Благодарение на успешното ракување со зелените површини во нашата фарма и на можноста коковчињата секој ден од рано утро до доцна вечер да пасат (но и дополнително им се дава косена тревичка), да јадат инсекти, но и благодарение на специјализираната диета од житарици, сончогледово ќуспе, погача од маслодајна репа, мелан сончоглед коковчињата несат исклучиво здрави јајца што во споредба со тие од комерцијална природа и кои што немаат можност да пасат имаат 3 пати повисоки омега-3 киселини, 10 пати пониска вредност на омега – 6 (штетни, инфламаторни) киселини, 3 пати помалку холестерол, а количеството на витамин Е е за 3.5 пати повисоко, витамин Д за 4 пати, витамин А за 1.5 пати, а Beta Carotenе е дури за 8-пати повисоко кај нашите коковчиња.


Поради тоа што здравите јајца богати со 3-омега киселини, витамини, минерали и ниско ниво на холестерол произлегува исклучиво од исхраната со трева, во нашата фарма првенствено фокусот го ставаме на напасувањето.

Исхраната со целосно органска храна е исто така опција, но поради значително поголемите придобивки од напасувањето и достапноста на јајцата до пошироката популација за пониска цена приоритет даваме на напасувањето, исхраната базирана со житарици, сончоглед, маслодајна репка, исфрлањето на антибиотиците, употребата на органски препарати - пепелта за чистење од паразити и слично.


Следствено на сево ова произлегува нашето мото дека СЕКОЕ ЈАЈЦЕ НЕ Е ИСТО И ПОДЕДНАКВО ЗДРАВО, ВКУСИ ЈА РАЗЛИКАТА!


Број на посети:381

All rights reserved © organskijajca.com