English version

  [ Почетна ]

Најави се


Има 1 слики


Купувањето на екстра здрави органски јајца што изобилуваат со витамини, омега 3 киселини и што имаат три пати пониско ниво на холестерол споредено со комерцијалните јајца никогаш не било полесно.

Преку нашата контакт форма или преку нашата Facebook страница можете да ни испратите порака да нарачате јајца. Потребно е да ни оставите ваш телефонски број и ваша адреса и информација колку јајца сакате да купите.

Доколку поминувате покрај Илинден можете и вие да дојдете до нашата фарма од каде што ќе ги подигнете јајцата.

Ние вршиме бесплатна достава во Илинден, Петровец и Скопје во определен ден кога имаме повеќе нарачки при што нарачката не може да биде помала од 40-50 јајца.

За Скопје потребно е да имаме повеќе нарачки за да можеме да извршиме бесплатна дозвола, а доколку нема во одреден ден нарачки и наш клиент посака индивидуално да му се достават јајца, тогаш обично наплаќаме 150 денари за транспортните трошоци.

Моменталната цена (ажурирана на 11.05.2026) на нашите јајца е:

- 15 ДЕНАРИ за едно јајце (супер свежо, обично 3-5 дена складирано, понекогаш), односно 450 денари за табла јајца - 30 ком.

- 13 ДЕНАРИ за едно јајце (свежо, обично 6-7 дена од несење), односно 390 денари за табла јајца. Овие нарачки ги реализираме кога имаме јајца од оваа група на свежина.

- 20 ДЕНАРИ за премиум свежо јајце (снесено во текот на денот или претходниот ден, 48 часа/2 дена најмногу старо).

Само за споредба, нашите јајца се толку свежи бидејќи истите се продаваат веднаш од гнездо, а на јајцата во продавниците
им треба 4 до 6 недели само за да се појават на рафтовите и уште еден месец додека да се продадат, односно комерцијалните јајца имаат свежина еден месец до два од несење.

- ВАЖНО: доколку вашата социјална ситуација не дозволува да можете да одвоите доволно финансии за нашите јајциња, слободнo укажете ни на тоа за први да ве имаме во предвид кога би имале акции со попусти! Свесни сме дека во денешни услови многу наши сограѓани се соочуваат со финансиски потешкотии, а секој треба да има можност да јаде здраво!

Цената на јајцата зависи од цената на житариците, пелетираната детелина, но за истата да ја држиме што попристапна за сите наши сограѓани купците ги замолуваме доколку имаат нивна амбалажа да ни ја дадат, а доколку немаат тогаш ги замолуваме таа со која им ги предаваме јајцата да ни ја чуваат и при следно купување да ни ја вратат (за refill).

НАРАЧАЈ ОРГАНСКИ ЈАЈЦА ОД НАПАСУВАНИ КОКОВЧИЊА!

Име и презиме:
Email:
Тел број:
Адреса:
Број на јајца:
Тип на јајца:
Вкупна Цена:450 MKD
Порака:


Број на посети:2447

All rights reserved © organskijajca.com