English version

  [ Почетна ]

Најави се


Има 1 слики


Јајцата содржат омега-3 киселини (добри), но и омега 6-киселини (лоши, инфламаторни), a нивоата на овие киселини значително можат да се разликуваат од начинот како коковчињата се одгледуваат и хранат.

Благодарение што нашите коковчиња имаат можност да шетаат, пасат, ловат инсекти и црвчиња во текот на целиот ден од рано наутро до стемнување тие имаат за 3-пати повеќе Омега-3 киселини споредено со јајцата добиени од фармите или домашните јајца добиени од коковчиња што немаат можност постојано да пасат.

Тајната во разликата со Омега-3 киселини, што многу луѓе не ја знаат, лежи во тревните површини и зеленила што коковчињата ја пасат. На пазарот можат да се најдат многу домашни јајца, но истите имаат карактеристики како тие добиени од комерцијалните фарми бидејќи коковчињата немаат можност да пасат и не им се додава трева од искосени површини.

Во нашата фарма, освен што имаме доволно трава од која што коковчињата можат да пасат, ние редовно правиме дотур на трава од искосени површини што придонесува за драстично збогатување на јајцата со Омега – 3 киселини, дури за 3-пати, но и за драстично намалување на штетните и воспалителни Омега – 6 киселини, дури за 10 пати.

Според испитување направено во Соединетите Американски Држави 3 јајца од напасувани коковчиња имаат подеднаква содржина на Омега – 3 киселини како 90 грамска порција на лосос уловен во природата.

Од ова произлегува и нашето мото дека СЕКОЕ ЈАЈЦЕ НЕ Е ИСТО И ПОДЕДНАКВО ЗДРАВО, ВКУСИ ЈА РАЗЛИКАТА!


Број на посети:240

All rights reserved © organskijajca.com