![]() Има 1 слики Третирањето на живината против болести во нашата фарма се спроведува во два чекора, од кои првиот е превентивен, а вториот преку изолација и директен третман. Превентивниот чекор опфаќа постојано обезбедување на нашите пердувести пријателчиња со чиста вода за пиење, а понекогаш во водата за пиење додаваме јаболков оцет и лук со цел превентивно да им го подобриме имунитетот на нашите пријателчиња и да превенираме настанување на болести. За благодетот на нашите пердувести пријателчиња придонесува и фактот што тие се постојано пуштени да шетаат и да пасат на земјиштето на нашата фарма која располага и со посебен дел засеан со детелина. Исто така, разновидната храна базирана на житарици, сончогледово ќуспе, погача од маслодајна репа, соина сачма, придонесува нашите коковчиња да можат да внесат големи количини витамини и минерали, амино киселини, кои позитивно влијаат врз нивното здравје. Во случај, превентивниот чекор да затаи и да забележиме некое пријателче да не се чувствува добро, да нема интерес да јаде, тогаш на посебно место со многу вегетација го изолираме, му обезбедуваме свежа храна, вода, во храната додаваме јогурт или на друг начин ја правиме попривлечна за дегустација од негова страна. Доколку е потребно и доколку здравствената состојба е сериозно загрозена кај нашето пердувесто пријателче во неговата исхрана додаваме витамини, а во најчест случај, ако приметиме дијареа, во водата и исхраната на нашето пријателче додаваме КОЦИДИОСТАТ, најчесто AMPROLIUM и ваквиот третман обично трае околу една недела. Кај живината кокцидиозата е најчестото заболување на дигестивниот тракт предизвикано од паразити наречени протозони. Благодарение на нашиот пристап кој опфаќа превентивен и изолациски чекор кој опфаќа рана идентификација на заболеното пердувесто пријателче му се дава можност побрзо да закрпне, останатото јато останува во оптимална здравствена кондиција, можностите за проширување на заболувањето се намалуваат, а бидејќи третманот се насочува кон заболеното коковче тоа значи дека останатото јато си продолжува со нормална исхрана и несе оптимално здрави јајца бидејќи не е подложено на никакви лекови. Кога коковчињата се подложни на третмани со лекови, на пример со антибиотици, јајцата не се јадат, па нашето постапување со изолирање и третирање на заболеното коковче, а не на целото јато, ни овозможува јајцата од здравото јато да можеме да продолжиме да ги конзумираме бидејќи не биле предмет на било каков третман со лекови. Освен од Коцидиоза, пердувестите пријателчиња знаат да заболат и од ЗАКРИВЕН ВРАТ(WRY NECK), понекогаш добиваат и срцеви удари, знаат да развијат и парализа, знаат да заболат од Coryza (воспаление на синуси), Bumble foot(бактериска инфекција на ногата со создавање на гној) и слично. Со нашите превентивни и изолациски начини на третирање на нашите пердувестите пријателчиња добиваме трократен бенефит, се третира директно заболеното пријателче, останатите пријателчиња останувааат здрави бидејќи заболеното пријателче се одвојува од здравите (се спречува пренесување на бактериска или вирусна инфекција), а ние продолжуваме да јадеме супер здрави јајциња бидејќи нашите пријателчиња воопшто не се третираат групно со било какви лекови. ![]() Други линкови!
|
All rights reserved © organskijajca.com |